Мицкоски: Не ми се потребни избори за пуста власт

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ не сака избори само поради пуста власт. Ова денеска го посочи лидерот на партијата, Христијан Мицкоски.

Тој додаде дека Македонија нема време за губење и додаде дека има иднина за која сите заедно ќе се изборат.

„Народот се гледа. Јас безусловно верувам во македонскиот народ. Ова е почеток на промените кои морат да се случат. Македонија е европска земја и нема време за губење. Македонија го нема повеќе луксузот да загуби ниту еден час повеќе. Избори ќе дојдат, а со тоа доаѓа политичкиот крај на Зоран Заев. Има иднина за која сите заедно ќе се избориме. Го повикувам македонскиот народ, да ја крене главата гордо високо. На Македонија и се поребни реформи, а не реформи кои ќе ја враќаат Македонија наназад. Тоа ние што го нудиме е модерна иднина на европска држава. ВМРО-ДПМНЕ верува во својот потенцијал. На нас ни се важни процесите. Што се однесува до Зоран Заев, тој требаше да си поднесе оставка многу порано. Тој ќе влезе во историјата како еден од најнеуспешните премиери во Македонија. Граѓаните очекуваат да се разговара со отворени карти, чесно, искрено. Во годините што следат, Македонија ќе ја исполни оваа цел. Нема повеќе време за губење, потребно е време за акција. Доколку добиеме покана, ќе учествувам на средбата која ја најави претседателот на државата. Интересот на државата е пред се и над се. Кога ќе бидеме зрели, ние ќе добиеме и ветер во грб и дата. Ние не сме Зоран Заев и не ми се потребни избори за пуста власт. Не сакаме да ја продолжиме агонијата на Македонија. Сакаме да ги убедиме и нив дека ова што го направија е погрешно, дека единствен чекор е да оставиме граѓаните да одлучат дали ќе блеснеме“, порача Мицкоски.

Поврзани новости