Мицкоски: Не ми дозволија да го видам Миле

by fokus 18:31
18:31

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски попладнево беше во ГОБ „8-ми Септември“ за да го види Миле Јанакиески, кој беше донесен од истражниот затвор по денешниот инцидент. Но, на Мицкоски не му било дозволено да влезе во собата на Јанакиески.

-Не ми дозволија да го посетам Миле Јанакиески, никој не дојде да ни каже што се случува. 50 полициски сили имаше пред собата на Миле, чекавме директорот да добие насока од неговиот шеф Зоран Заев да ни каже, да ни го оправда ова. Докторот ни кажа дека Миле има телесни повреди по телото, рече Мицкоски.

- Advertisements -

Поврзани новости