Мицкоски не дојде на протестот на ВМРО-ДПМНЕ?

by fokus

На вечерашниот протест на ВМРО-ДПМНЕ имаше триесетина присутни, а меѓу нив не можеше да се забележи ниту лидерот на партијата организатор, Христијан Мицкоски.

Иако во денешниот повик за протестот, ВМРО-ДПМНЕ ги повика сите граѓани, на протестот во изјавата за медиумите Јелена Жугиќ рече дека вечерашниот протест бил спроведен со помал број на присутни, поради зголемениот број на заразени со корона вирус.

-Пред да почнам со изјавата би сакала да ве известам дека поради огромните бројки на заболени од вирус, вечерва одлучивме овој протест да го спроведеме со намален број на присутни, почитувајќи ги законските мерки на присутност на протест, рече Жугиќ.

„Фокус“ побара став од ВМРО-ДПМНЕ зошто Мицкоски не се појави на протестот, но до објавување на текстот не добивме одговор.

К.С.

Поврзани новости