Мицкоски: Назначувањето на осудениот Бучковски е вовед во ново апокалиптично сценарио

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од денешниот протест во Куманово порача дека назначувањето на Владо Бучковски за посредник во преговорите со Бугарија е вовед во апокалиптично сценарио.

-Овој пат сакам исто така да ја предупредам македонската јавност, македонскиот народ, македонската нација, граѓаните во Македонија дека новоименувањето на Владо Бучковски за посредник во спорот со нашиот источен сосед, човекот кој што имаше осудителна пресуда а потоа преку Врховниот суд во владеењето на Зоран Заев, а знаете како тие трас-трас одлуки се носеле во Врховниот суд беше ослободен, човекот кој што беше осуден за проневера за тенковски делови, за бугарските тенкови денеска треба да го решава историскиот спор со соседна Бугарија, претставува вовед во едно ново апокалиптично сценарио, вовед во едно ново предавство кое што ќе треба да биде извршено и врз македонскиот надор, македонската нација и македонската држава, асимилација на македонскиот народ, на маса се македонската историја, македонскиот јазик, традиција обичаи и откажување од македонското национално малцинство кај нашиот источен сосед. Од прилика за сето ова денеска преговара Владо Бучковски по налог на Зоран Заев и тој човек не знам дали ќе успее во овие седум дена во период кој што следи секако ќе се обиде да земе дел од  срамот кој што ќе биде нанесен врз македонскиот народ. Го предупредувам македонскиот народ, граѓаните на Македонија на будно следење на тоа што се спрема, што се подготвува, на тоа што се преговара а ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија која што ќе ја предводи и дната влада, која што ќе биде влада на национално единство нема ниту една реченица од евентуално парче харија кое што ќе го потпише двоецот Заев и Бучковски да го почитува, рече Мицкоски.

Поврзани новости