Мицкоски: Нашите мисли и молитви се со семејствата на настраданите во Турција

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски лично и во име на партијата изрази сочувство до Република Турција за жртвите од разорниот земјотрес кој го погоди реонот на градот Газиантеп.

– Во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ изразувам длабоко жалење и искрено сочувство до пријателскиот турски народ и до Република Турција за жртвите од страотниот земјотрес. Нашите мисли и молитви се со семејствата на настраданите, во надеж дека надлежните ќе успеат да спасат што е можно повеќе луѓе во акциите на извлекување, пишува во телеграмата на Мицкоски.

Тешко е да се изберат зборови за утеха во вакви трагични мигови, додава Мицкоски, „но сум уверен дека солидарноста и хуманоста на луѓето ќе помогнат што побрзо да се обединат и насочат сите капацитети кон обновување и санирање на погодените места од разорниот земјотрес“.

Поврзани новости