Мицкоски на средба со Вучиќ: Во Македонија владее политички терор врз неистомислениците

by Fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска во Белград, заедно со потпретседателот Александар Николоски, се сретнаа со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ.

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ го информирал Вучиќ и за состојбата во Македонија, при што изразил загриженост за недостатокот на демократски капацитет на Владата за издржан дијалог, опасноста од политичкиот терор кој се спроведувал врз политичките неистомисленици, како и немањето на сериозен концепт за важните прашања од сферата на надворешната политика каде клучно е заштитата на државните и национални интереси.

Мицкоски додал дека наметнувањето на теми како Законот за јазици, немањето на концепт за економски развој, немањето на реформски правец и поразителните економски резултати придонесуваат за слабеење на стандардот на граѓаните, нешто што според него, ја влече државата наназад, и ја оддалечува од стратешките интереси за членство во НАТО и ЕУ.

Како што соопштува ВМРО-ДПМНЕ, тие размениле мислења и ставови за повеќе актуелни теми врзани со регионалните предизвици, начините за интензивирање на соработката и стратешките интереси на двете држави.

 

Поврзани новости