Мицкоски на средба со Вучиќ: Потрага за подобар живот и посреќни граѓани

by Fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес во Белград, заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски и пратеникот и лидер на ДПСМ, Иван Стоилковиќ оствари средба со претседателот на Република Србија и лидер на СНС, Александар Вучиќ.

На средбата се разговараше за продлабочена соработка на двете сестрински партии во рамките на Европската народна партија, европските перспективи и регионалната соработка. Мицкоски посочи дека потребно е регионот конечно да направи сериозен чекор во однос на борбата и потрагата за подобар живот и посреќни граѓани.

Иднината на регионот не е во градење на ѕидови, туку мостови кои ќе донесат подобар и побогат живот за сите, истакна Мицкоски посочувајќи дека европското интегрирање треба да биде акцелератор на тие процеси. Двајцата соговорници истакнаа подготвеност за продлабочена соработка во рамките на Европската народна партија.

Поврзани новости