Мицкоски на средба со Унијата на жени: Жените се еден од цврстите и носечки темели на нашата организација

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва имаше средба со Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

-Жените се еден од цврстите и носечки темели на нашата организација. Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ е симболот на непокорот, цврстината и решителноста. Македонската жена е и мајка, сопруга, одличен работник и професионалец, но и борец за подобра иднина, предвесник на промените во државата кои се нужни и повеќе од потребни. Ми беше чест што имав состанок со Извршниот Комитет на Унијата на Жени на ВМРО-ДПМНЕ.
Секој ден се посилни, секој ден се порешителни, низ сите падови, и подеми, за кој друг ако не за Македонија и секој еден човек на нашата земја, напиша Мицкоски на својот Фејсбук профил по средбата.

Ова следува откако раководството на Унијата на жени, на чело со Даниела Рангелова, пред неколку дена си поднесе оставка.

Поврзани новости