Мицкоски на средба со Дол: „Транспаренси Интернешнл“ не смести на дното во Европа

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во рамките на својата посета на Брисел оствари средба со претседателот на Европската народна партија, Жозеф Дол.

На средбата се дискутирало за актуелната политичка состојба, предизвиците со кој државата се соочува и взаемната соработка со Европската народна партија.

Мицкоски ја истакнал загриженоста за состојбите со корупцијата и криминалот во државата.

-Светските организации Македонија ја препознаваат како произведувач на корупција која е заштитена од државата. Тоа го говори и последниот извештај на Транспаренси Интернешнл кој државава ја сместува на дното во Европа. Тука е и тешката економска состојба, речиси најмалиот БДП во Европа со најмалиот економско раст во Европа. Со вакви стандарди наметнати од власта европската перспектива е загрозена, истакнал Мицкоски.

Тој посочил дека, како што вели, упорното бегање од предвремени парламентарни избори кои би гарантирале заштитни механизми отвора сомнеж дека власта сака да организира фалсификат на претседателските избори.

 

Поврзани новости