Мицкоски на Сирјато му се заблагодарил за донираните 10.000 вакцини

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски оствари средба со министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто, на која, како што соопштија од ДПМНЕ, Мицкоски ја изразил големата благодарност за помошта која Унгарија и ја даде на Македонија во текот на кризата со пандемијата.

„Воедно, се заблагодари за донацијата на вакцини против корона, што после помошта од нашиот северен сосед, е втора поединечна донација на држава пријател на Македонија. Беше афирмирана потребата од скорешен старт на безусловни преговорите на Република Македонија и Европската Унија, бидејќи тоа го заслужуваат граѓаните на Македонија и истото ќе значи реални реформи со помош на нашите европски партнери“, соопштија од опозициската партија.

Инаку, денес десет илјади дози од вакцината „Астра Зенека“ денеска пристигнаа во Скопје како донација од Унгарија за имунизација на македонската гранична полиција.

Поврзани новости