Мицкоски: Му бев советник на Груевски без надомест

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на обвинувањата од премиерот Заев дека гради куќа во Тафталиџе од 500.000 евра, рече дека куќата не се наоѓа таму.

-Ве поканувам на кафе во мојата куќа, која е во Влае, а не во Тафталиџе, да видите каде е, да не ги лажете граѓаните, иако знам дека тоа ви е навика. Јас како советник на Груевски работев пробоно, односно без надомест. Бев советник околу година ипол. Ви оставив неколку проекти во енергетиката, кои вие ги поништивте. А, сега на нивна основа правите нови, рече Мицкоски.

Поврзани новости