Мицкоски: Можно е исклучените пратеници да ги вратиме во партијата

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во вечерашното гостување на Канал 5 рече дека постои можност осумтемина пратеници кои беа исклучени од партијата, да бидат вратени.

-Секогаш во животот постојат работи што имаат реверзибилна насока. Апсолутно е можно, секогаш постојат секакви можности – рече Мицкоски.

Тој додаде дека на средбата со оваа независна пратеничка група ги презентирал принципите на ВМРО-ДПМНЕ за реформските закони, но и за Законот за јавно обвинителство, кое ќе ја дефинира иднината на СЈО.

Поврзани новости