Мицкоски: Мојот став за уставните измени е јасен, а Ковачевски нека каже кој е ставот на Груевски

by Fokus

„Мојот став е јасен, кажан во јавноста, повторен и непроменлив, а што се однесува за ставот на поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски можеби Ковачевски може повеќе да ви каже. Ако знае деталите нека ги сподели со јавноста. Добро е да го прашате еве на следната средба со него да го прашате кој е ставот кој што тој го знае, а јавноста не го знае, ниту пак јас, ниту претпоставувам граѓаните овде“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Илинден во врска со уставните измени.

Мицкоски додаде дека неговиот став е јасно кажан, артикулиран и е непроменлив.

„Мојот став јасно е кажан, артикулиран и е непроменлив“, нагласи тој.

„Ќе продолжат, притисоците нема да престанат. Ако мислите дека ќе се откажат, нема да се откажат. Затоа што овие од Владата бараат да се прават притисоци. Нема проблем, јас немам проблем да ги истрпам тие притисоци. Тие притисоци се и ќе продолжат. Дали се жестоки? Да, жестоки се. Но, она што е поразлично од Преспа е што ВМРО-ДПМНЕ е консолидирано, обединето, и нема слаба алка внатре. Сега не се други центри на влијание, сега ВМРО-ДПМНЕ како целина е центар на влијание. Единствено е ВМРО-ДПМНЕ, политичките ликови во ВМРО-ДПМНЕ се единствени не затоа што водиме инает, туку затоа што сакаме да добие овој народ нешто. Да ја смениме перцепцијата и чувството за нас политичарите кај луѓето. Доста го краде, доста го лажеа и доста го понижуваа. Затоа што веруваме дека ова што го правиме е историја, генерациите по нас нека судат дали сме постапувале правилно или сме биле погрешно разбрани. Но, едно сакам да знаат и мојата порака е јас лично ни милиметар нема да се поместам и ќе ги истрпам сите притисоци од каде и да идат“ порача Мицкоски од Илинден.

Поврзани новости