Мицкоски: Меѓународна истрага за Диво Насеље е тенденциозно нарушување на сликата дека тероризмот мора да биде казнет

by fokus

Било кое селфи и смеење на местото каде полицајците ги загубија своите животи, иницијатива за меѓународна арбитража која се почесто се споменува, или пак политички договор за работи кои се јасни и многу прецизни, и каде веќе има утврдена вина и одговорност се тенденциозно нарушување на јасната слика дека криминалот, тероризмот и насилството мора да бидат казнети и тука не смее да има компромиси, порача денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– Три години на болка и за семејствата на хероите кои ги положија своите животи во одбрана на нашата татковина, но и три години паметник за нивниот херојски подвиг во кој се пресметаа со една од најопасните криминално терористички банди на овие простори положувајќи ги своите животи. Државата, особено владата треба да ја обезбеди неопходната грижа и поддршка на семејствата на загинатите припадници на полицијата. Херојското дело на оние кои со своите животи ја бранеа државата Република Македонија не обврзува сите нас како генерација политичари да ја градиме државата во мир кој е скапо платен, и да обезбедиме шанси за еднаков развој и просперитет на сите нејзини граѓани, рече Мицкоски.

Поврзани новости