Мицкоски: Македонија паднала 7 места во „Дуинг Бизнис“, владата нема план за реформи

by Фокус

Светска банка во извештајот „Дуинг Бизнис“ потврдува дека имаме економско цунами и пад од седум места, дека во Македонија нема реформи и државата назадува – истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Според него, постои пад при почнување на бизнис, за издавање на градежни дозволи, регистрирање на имот, добивање на кредит итн.

-Неуспешните политики на Зоран Заев и оваа арамиска влада не може да се игнорираат и премолчат. Суровата реалност и сиромаштијата имаат свои причини и сите до една покажуваат дека оваа влада не работи. Нивната неуспешност уништува животи. Неуспесите се очекуван епилог на тоа дека нема реформи. Оваа влада не прави реформи, не сака да прави реформи и нема план за правење реформи – оцени Мицкоски.

Поврзани новости