Мицкоски: Македонија е заложник на најбогатото семејство во Македонија кое владее со страв, уцени и притисоци

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски попладнево беше на средба со граѓани во Крушево после која порача дека Македонија била заложник на најбогатото земејство во земјава, Заеви, кое владеело со закани и уцени.

-Бев во Крушево. Град кој силно е погоден од неправдите, цунамито и пропаста на власта. Жална е таа слика на полупразен град, големи куќи без светилки, затоа што луѓето се иселиле. И повеќе не е прашање иселувањето на селата, туку иселувањето на градовите. Македонија е заложник на алчноста на најбогатото семејство во Македонија Заеви, кои владеат со страв, уцени и притисоци. Со нечесни игри и методи, затоа што поинаку не знаат. И јас имам мотив за победа на овие неправди, тој мотив е Македонија и нејзината обнова. Народот знае дека Заев е виновен за сите погрешни политики, за криминалот кој го направија, и затоа следи одговорност. И таа одговорност ќе ги стигне до последниот еден од нив кој се огрешил кон народот. И затоа прават рекордно најголем буџет од 4 милијарди евра за да има за нивните криминални апетити. И затоа ќе им следи пораз, на 12 април народот ќе ги порази оние кои ни донесоа порази. Тој датум е референдум за каде се одлучува помеѓу Македонија и Заев. Јас знам дека обновата ќе победи. А обновата е за Македонија!, вели Мицкоски.

Поврзани новости