Мицкоски: Македонија доби датум за преоценка на состојбите, се друго е шарена лага

by fokus

Македонија продолжува да биде надвор од патот на ЕУ и не доби чиста препорака веднаш како што ветуваше Заев и Владата, само надеж дека можеби идната година ќе се исполнат целосно критериумите за датум за преговори, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Она што Македонија го доби со извештјаот е следниот јуни, следната година повторно да се направи преоценка на состојбите, се останато е шарена лага. Единствената надеж е можеби различна одлука на европскиот совет во петок, но шансите се сведени на теорија – порача Мицкоски.

Како што рече тој со оваа Влада Македонија има само порази, а и требаат, рече, само победи и многу работа.

-Изборот за граѓаните е спас за кариерта на Зоран Заев или напредок за Македонија. Македонија ќе треба цела година да тапка во место. Согласно извештајот потребен е прогрес против корупција, реформи и независно судство. Оваа неспособна Влада не ги исполни критериумите, доби штетен и капитулантски договор за смена на името. На надворешен план имаме распорадажба на државата, трговија со нацијата и државните интере, а на домашен план економско  цунами – додаде Мицкоски.

Според него Заев се согласил за бришење на името на земјата, промена на уставното име, фуснота за македонскиот јазик, за взврат Македонија не добие ништо.

-Луѓе од влста ги гледаме со вештачки насмевки и изнасила еуфорија, целиот овој театар нема поразот да го претвори во победа. Граѓаните знаат дека живеат лошо, нема задоволен човек. Неуспехот во планот 3-6-9 нема да може да се покрие со капитулантскиот договор на Заев кој никако и никогаш нема да го поддржиме. Наместо сеење магла потребни се коренити реформи. Наместо власта да се занимава со политички прогони да се фати за работа – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани новости