Мицкоски лут што власта не ја консултира опозицијата : Да не биде после лелекање по амбасади дека опозицијата блокира!

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја обвини власта дека за ништо не ја консултира опозицијата додека најавува најразлични мерки за стопанството.

„Подготвувале петти пакет мерки, помош за стопанството. Ниту една реченица консултација со пратеници од опозицијата, стопанството чека средба. Нема реализација на капитални инвестиции, нема нови болници, нема компјутер за секој ученик, нема помош за земјоделците, но затоа има картички и ваучери. Избори се ближат, па треба да поткупуваат и крадат. Толку знаат и можат. Да не биде после лелекање по амбасади дека опозицијата блокира“, напиша Мицкоски на својот фејсбук-профил.

Поврзани новости