Мицкоски: Конечна правда ќе има кога Заев и Мијалков ќе бидат во затвор

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва одржа прес конференција на која рече дека денешните случувања покажале дека Зоран Заев и Сашо Мијалков имаат договор.

-Си играат мајтап додека мафијата царува. Денеска стана совршено јасно дека имаат договор. Прво се договорија да избега, па се договорија да се врати. Со посебни услови, со насмеавка. Ова е најдобра потврда дека постои криминална коалиција Заев-Вице-Мијалков. Дека се е договорено говорат следните факти: Доброволно се прошета и го пречека камера на провладина телевизија. Наместо од Судот, решението за притвор го доби од ОЈО. Народот добро знае што се случува. Конечна правда, ве гледам во очи, ви кажувам ќе има кога двајцата ќе бидат таму каде што заслужуваат: во затвор. Наша заедничка обврска е на се ова д му ставиме крај. Владата се клати и виси на конец, рече Мицкоски.

На прашањето дали тоа дека правдата мора да ги стигне сите важи и за Никола Груевски, Мицкоски рече дека важи за сите бегалци од правдата.

 

Поврзани новости