Мицкоски кон СДСМ: Не донесовте 500 евра плата, затоа што поважни ви беа Луј Витон ташните!

by Fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва од Ѓорче Петров порача дека по 15 јули ќе се стави крај на криминалците и ќе бидат донесени многу проекти кои ќе бидат од корист на граѓаните.

– На власта, кожните фотелји, дебелите персијанци, долгите лимузини и беа приоритет. Бидејќи така сакавте, така и ќе завршите. На 15 јули ќе ве пратиме на темната страна на историјата и жестоко ќе ве победиме. Оваа коалиција, овој народ овде има да ви покаже како се љуби татковината, како се сака Македонија. Обединет, сплотен Македонецот, Албанецот, Босанецот, Турчинот, Ромот, Влавот, Србинот, сите еден до друг ќе се борат за својата Македонија, нагласи Мицкоски.

Мицкоски додаде дека македонскиот народ ќе се бори за подобра Македонија, за која секој еден сонува.

– Сакам да кажам неколку реченици и за она што можеа, бидејќи нели е таков слоганот на оваа власт, велат можеле. Јас би рекол „Можевте“, а тоа е минато завршено време. А, што можевте? Можевте да работите, можевте наместо да го понижувате, омаловажувате овој народ, наместо да ја парчите, распарчувате, делите и осрамотувате нашата држава, нашата татковина. Можевте да ја направите горда, достоинствена, почитувана, сакана дома, а почитувана во светот. Но не, вие тоа не го направивте. Вие тоа не сакавте да го направите, затоа што за вас поважен беше грст од жолтици, привилегии, луксуз, на грбот на овој напатен народ. Тоа беше за вас поважно. Можевте многу повеќе да работите, можевте и навистина ако работевте тие 500 евра просек плата да ги донесете. Но не, вие не ги донесовте, затоа што за вас беа поважни Луј Витон ташните, истакна Мицкоски.

Поврзани новости