Мицкоски ќе сведочи на судењето за „Организаторите на 27 април“

by Fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, утрово пристигна во Основниот кривичен суд во Скопје да сведочи во судскиот процес кој се однесува на организацијата на настаните од 27 април 2017 година во Собранието.

Тој е предложен како сведок на одбраната, а покрај него денеска се очекува да будат испитани повеќе сведоци од ВМРО-ДПМНЕ кои се предложени од одбраната.

Сведочењето на Мицкоски беше предвидено и за минатите две рочишта, но поради обврски тој не можеше да дојде.

Обвинети во случајот за организација на 27 април се поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Владимир Атанасовски. Тие седат на обвинителна клупа за делото терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Поврзани новости