Мицкоски ќе остане запаметен како неодговорен политичар, кој се потсмеваше на корона вирусот, истакна Костадинов

by Fokus

ВМРО-ДПМНЕ ја опструира работата на техничката влада и прави сѐ за да нема избори, реагираат од СДСМ.

„Христијан Мицкоски останува запаметен како неодговорен политичар, кој за време на оваа криза цело време се однесува незрело, несериозно и неодговорно. На штета на граѓаните и нивното здравје. На почетокот на кризата Мицкоски го потценуваше и се потсмеваше со заканата од коронавирусот. Потоа лажеше дека немало доволно тестови за корона, иако илјадници граѓани се тестираа согласно протоколите. Среде пандемија Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ водеа валкана кампања против Венко Филипче, со лажни вести и неосновани закани со кривични пријави“, порача Костадин Костадинов на денешната прес-конференција.

Портпаролот на партијата го обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека создава политичка криза, а прстот го впери и во техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев дека под негово водство полицијата не врши контрола за почитувањето на мерките против-19.

 

Поврзани новости