Мицкоски ќе гласал против договорот на референдум, но не кажа што за него е достоинствено решение

by fokus

Јас на референдумот ќе гласам против таканаречениот догворот. Грчките медиуми во 13 точки ја покажаа капитулацијата која Заев се обиде да ја протне, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Хирстијан Мицкоски.

Тој повторно побара избори, кои би се одржале заедно со претседателските, а по теркот на пржинскиот договор.

-Изминативе денови често пари слушав зошто токму со претседателските, но еве да појаснам уште еднаш, ајде да одиме на избори, ајде најпрво веднаш од утре да ги направиме условите кои ги имаше СДСМ на предвремените парламентарни избори. ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да излезе на тие избори, рече Мискоски.

Тој не сакаше да каже што за него претставува достоинствено решение.

-Ова е се само не достоинствено решение, односно капитулација. Претходните влади кажаа што е достоинствено решение, вели Мицкоски.

Поврзани новости