Мицкоски како Груевски, се нуди да го уапсат

by fokus

Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски сторил кривично дело со тоа што јавно покажа дека поседува документи со искази од случајот „Рекет“ повикувајќи се на „свиркач“- велат од обвинителството. Но дали и во кое својство би бил повикан ќе одлучи обвинителот кој го води предметот врз база на доказите.

Мицкоски во изјава за телевизија 24 пак вели дека се уште не бил повикан од обвинителството да даде исказ, но очекува да го осудат и апсат. Пак се закани дека ако истрагата запне, тогаш тие ќе ги објават документите кои ги добиле од „свиркач“.

– До овој момент немам добиено никаква покана од ОЈО,но во епицентарот на заевизмот од Зоран Заев, Вилма Русковска и Кацарска очекувам да Зоран Заев нареди, Вилма Русковска испорача, а Кацарска пресуди. Така што тука сум гонете, обвинувајте апсете, изјави Мицкоски.

Смета дека не влијаел на истрагата за „Рекет“.

– Доколку ние бевме Зоран Заев и организиравме воајерски шоуа кога ќе ги емитувавме тие документи, тогаш можеби би влијаеле на истрагата, изјави Мицкоски.

Поврзани новости