Мицкоски: Каде што Алтернатива/Алијанса ќе има кандидат, ВМРО-ДПМНЕ нема да кандидира и обратно

by fokus

Направивме коалиција уште пред првиот круг на локалните избори во определени градови. Ќе се подржуваме во определени општини, на ниво на кандидати за градоначалници. Договорено е таму каде што коалицијата Алтернатива/Алијанса ќе има кандидат, ВМРО-ДПМНЕ да не кандидира и обратно. Се разбира, во тие општини каде таа соработка е договорена, изјави денеска во Берово лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Според Мицкоски, соработката со Алијанса за Албанците и Алтернатива е историски чекор, како што вели, и за ВМРО-ДПМНЕ, но и за Македонија.

„Очекувам оваа коалиција да ги победи поделбите, безнадежноста, криминалот, корупцијата, безидејноста, неспособноста, немањето визија и стратегија за развој на Македонија, историски момент за сите граѓани без разлика на етничката припадност, да покажеме дека навистина Македонија има можности и со други политичари кои се надвор од матрицата на СДСМ и на ДУИ и дека може поинаку“, рече Мицкоски.

Поврзани новости