Мицкоски ја заостри реториката: На цел свет да му биде јасно дека и моите внуци ќе бидат Македонци, макар тоа да значи крај на мојата политичка кариера

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ денеска организираше протест во Кочани, каде лидерот Христијан Мицкоски ја заостри реториката во однос на прашањето на името.

Ако на првиот протест пред Владата речиси и да не го спомна името, на вториот кажа неколку реченици, на денешниот протест беше прилично жесток.

-Денеска дојде време полошо од времето на комунистичка Југославија. Ако го спомнеш името Македонија ќе те прогласат за антиевропеец, ќе те прогласат за неконструктивец, ќе те прогласат дека си изоционалиста. А, не бре браќа и сестри, ни сме горди Македонци кои што имаат право, имаат право да се самоименуваат како Македонци, а државата за која што се бореле нивните предци да си ја наречат Република Македонија. И никој тоа право не може да ни го земе. И никој не може тоа да ни го оспори. Ниту во Османлиско не било така, како што е денеска. Веднаш сега ќе се јават оние армадили платени со вашите жортници за да ме критикуваат, еве го овој повторно го опструираат процесот. Да ќе го опструирам и ќе се борам се додека можам затоа што ме боли и ме пече, затоа што тоа ми е дедовина, тоа ми е татковина и нема никогаш да престанам да се борам додека дишам за моите права и за мојата Македонија. И не се срамам. И не се срамам затоа што сум Македонец. Затоа што моите два сина се Македонци. И затоа што моите неродени внуци ќе бидат Македонци. И тоа треба на целиот свет да му е јасно. Па макар и било крај на мојата политичка кариера. Нека бидеме сите горди Македонци. Ако е тоа ерес заедно подобро да не нема, еден за сите, сите за еден Македонци мои, рече Мицкоски.

Поврзани новости