Мицкоски: Извори велат дека оној несреќен Ковачевски е подобар Бугарин од Заев!

by Fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната годишна конференција на Унијата на млади сили на партијата говореше за македонско-бугарските прашања. Меѓу другото говореше и за Ванчо Михајлов.

-Си ја имаат мувата на капата поради предавствата и понижувачките решенија кои ги донесоа, па мора да се служат со лаги, подметнувања, додавања на работи кои не сум ги рекол на оваа тема за лажно да прикажат дека ВМРО-ДПМНЕ негува некаква врска со ликот чие име го носи и здружението кои тие дозволија да се отвори во градот на конзулите во Битола. Па оној несреќен Ковачевски во чие присуство јавно го понижуваат и му кажуваат членовите на партијата дека Заев им е во срцето го слушам како вели дека ВМРО било блиско до бугарската политика. Но ако ова негово тврдење беше точно, тогаш многу брзо и многу лесно ќе се договоревме со Бугарија, но наспроти тоа ВМРО и јас како нејзин водач сме најкритикуваните во Бугарија, а Владата на СДСМ, Заев и Ковачевски се првите кои се договорија прифаќајќи сè што побара Софија. Дури од таму извори велат дека Ковачевски е подобар Бугарин од Заев“, истакна Мицкоски.

Поврзани новости