Мицкоски: Излезот е во победа на Силјановска и во победа на предвремени парламентарни избори

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска беше на средба со граѓаните во Неготино. Во обраќањето по средбата, тој повторно спомена предвремени парламентарни избори.

-Денес на дело го видовме Заевизмот. Иако тие мислат дека со својата бруталност со неправдата која денес ја направија со луѓето од 27-ми април внесуваат страв, тие всушност докажуваат дека се во паника и никогаш не биле поочајни како сега. Видовме денес како судството и обвинителството испорачаа она што им било речено да испорачаат, а нарачателот е во зградата на Владата каде диктира пресуди. Затворски казни високи повеќе од 2 века не може да донесат правда, тие може да донесат уште поголема поделеност на општеството, а за тоа директно виновен е Заевизмот. И ако мислат дека со вакви драконски казни дека ќе ги смират страстите во своите редови, дека ќе донесат некакво сладострастие, дека ќе демонстрираат моќ, тие всушност покажуваат немоќ, исплашени се зошто го губат тлото, ја губат власта. 211 години затвор за луѓе дел од нив патриотски потикнати, а другиот дел полициски службеници кои биле единствените кои реагирале тој ден, е неправда. Мора да се избориме за правда. И се наоѓаме можеби пред најважната крсосница досега. Затоа татковината Ве повикува. Излезот е во победа. Победа на правдата, победа на Гордана Силјановска Давкова за претседателка за Македонија и победа на предвремените парламентарни избори, порача Мицкоски.

Поврзани новости