Мицкоски: Истите кои лажеа за „Монструм“ сега лажат за Милошоски

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги отфрли како лаги наводите во некои медиуми дека Антонио Милошоски фалсификувал документи додека бил во Германија.

-Истите тие што лажеа за „Монструм“, за Младенов, за семафорот на Триумфална капија, за покачување на платата на 500 евра просек и што ветуваа пет отсто раст, се оние што денеска повторно лажат за Милошоски, рече Мицкоски.

Според него, и обвиненијата за Димитар Димовски и Миле Јанакиески се дефокус од реалните проблеми.

-Секогаш кога на Заев му е потребен дефокус од катастрафата со пандемијата, економијата, корупцијата, криминалот и хибридниот режим, ги вклучува механизмите кои ги поседува – полицијата, обвинителството, судството, а прв и дежурен виновник е Миле, а потоа Димитар зашто е дел од ВМРО-ДПМНЕ. Такво обвинение мислам дека деновиве ќе биде објавено во јавноста, но навистина не можам да ги разберам зошто сето ова го прават и зошто им се потребни сите овие политички гимнастики. Треба да бидат свесни дека ќе дојде денот кога ќе одговараат за злоупотреба на службена положба и овластување, рече Мицкоски.

Поврзани новости