Мицкоски им посака успех на првчињата, но одржа и лекција колку е катастрофална политичката состојба во државата

by Fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски им посака успех на првачињата на првиот училишен ден, но не заборави во својот говор да ја вмеша политиката.

„Денес за многумина од вас е посебен ден, бидејќи вашите деца го имаат првиот училишен ден. Тоа значи посебна радост и среќа за секој родител, но и надеж дека низ турбулентниот пат наречен живот секое дете ќе има успех, но и шанса обезбедена од државата, потпирајќи се на своите способности, да направи нешто повеќе и да ги оствари своите соништа. Но каква е реалноста. Македонија денес се соочува со демографска катастрофа, во вториот квартал во 2018-та година, имаме пад за 6.3 проценти на бројот на новородени деца, тоа за 6 години ќе значи и дополнително намалување на бројот на ученици, паралелки кои ќе се затворат, населени места кои забрзано замираат. За година и половина нема ниту една единствена мерка на Владата која ќе биде во насока на зголемување на наталитетот, додека најважниот фактор, економијата пропаѓа со најнизок раст во Европа кој се движи околу нула – истакна Мицковски.

 

 

Поврзани новости