Мицкоски и Силјановска му кажале на Дол за „насилното однесување на Владата“

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и кандидатката за претседателка Гордана Силјановска Давкова денеска во Брисел имаа средба со претседателот на Европската Народна Партија, Жозеф Дол.

-Разговаравме за актуелностите во рамките на нашата Европска Народна партија, но исто така и него го запознав со актуелните политички случувања во Република Македонија, насилното однесување на Владата, насилното однесување на институциите, сега на еден месец пред практично гласањето во рамките на претседателските избори.
Разговаравме и за политичкиот прогон, отсуството на реформи во Република Македонија, но и разговаравме и за ветувањето кое што претседателот на владата, Зоран Заев го даде, дека доколку изгуби неговиот кандидат на претседателските избори таму некаде на есен ќе распише предвремени парламентарни избори. Го држиме за збор господинот Зоран Заев, бидејќи сигурно веруваме дека ВМРО-ДПМНЕ и професорката Гордана Силјановска ќе победат на претседателските избори, а со тоа ќе се исполни единствениот услов кој што себеси си го постави Зоран Заев, а тоа е доколку ги изгуби претседателските избори да распише предвремени парламентарни избори таму на есен. Предвремени парламентарни избори за Република Македонија ќе значат нова иднина, вистинска иднина, со вистински структурни реформи, не фингирани и лажни вести кои што овде ги испорачуваат во Брисел во рамките на Европската комисија, информираше Мицкоски.

Поврзани новости