Мицкоски и Села ќе се поддржат и во вториот изборен круг

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоскии и Зијадин Села од Алијанса на Албанците денеска имале средба во Собранието, при што разговарале за локалните избори и договориле поддршка и за вториот круг, брифираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што дознаваме на средбата се разговарало за изборните резултати од првиот изборен круг, и била реафирмирана соработката и меѓусебната поддршка во средините каде има потреба за тоа во вториот изборен круг.

-Беше посочено дека потребни се промени, и нова иднина која ја очекуваат граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости