ФОТО Мицкоски и Орбан му беа гости на Јанша во Словенија

by Fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера се обрати на изборната конвенција на Словенечката демократска партија на Јанес Јанша, што се одржа во Цеље, Република Словенија.

На конвенцијата се обратија и премиерот на Република Унгарија, Виктор Орбан и лидерот на Европската народна партија во Европскиот Парламент, Манфред Вебер.

Мицкоски пред присутните истакна дека настанот на кој се обраќа е предвесник на промените кои ќе се случат во пријателска Словенија и регионот.

– На овие избори граѓаните ќе одлучуваат која патека да се избере. Јас сум убеден дека Словенците ќе ја изберат вистинската, патеката на стабилност и подобар живот. Посветли денови доаѓаат. Словенија ќе биде промената која Европа чека да ја види. Словенија ќе го означи почетокот на промените во регионот и поразот на владите кои не работат и не придонесуваат ништо за граѓаните, истакна Мицкоски.

Тој посочи дека за да се случат тие промени од најголема важност е да се даде понуда која ќе овоможи подобар живот на сите Словенци, понуда која ќе отвори нови перспективи и ќе изгради подобра иднина за сите и за регионот во целина.

 

Поврзани новости