Мицкоски и кажал на Меј дека Владата е недемократска

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со британската премиерка Тереза Меј.

На средбата станало збор за актуелната политичка и општествена ситуација во државава, можностите за соработка и стратешките приоритети на државата.

-Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски истакна дека државата е со влошена економска состојба, а граѓаните живеат се потешко. Мицкоски истакна дека Владата демонстрира недостаток на демократски капацитет, но и нетранспарентност во однос на најчувствителното прашање, спорот со името. Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е за отворени и поинтензивни односи со Велика Британија базирани на пријателство и меѓусебно разбирање, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости