Мицкоски: И јас се прашувам кој им овозможи на луѓето со фантомки да влезат во Собранието

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека и тој се прашува кој ги пуштил насилниците со фантомки да влезат во Собранието.

-Се надевам судскиот процес ќе даде одговор на тоа кој им овозможи на луѓето со фантомки да влезат во Собранието, и јас тоа се прашувам, рече Мицкоски.

Тој праша и зошто Обвинителството и МВР не испитуваат кои терористички групи се собрале во Чаир за време на 27 април, нешто што тогашниот министер Нухиу го кажал во својот исказ пред Обвинителството.

 

Поврзани новости