Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при денешната посета на Желино рече дека во колективната меморија ќе остане дека поранешниот шеф на дипломатијата, Бујар Османи, преговарал за македонскиот идентитет.
„Ние ќе бараме начин, ќе градиме доверба и ќе го решиме ова, дали оваа генерација или некоја следна, тоа ќе го решиме, но ќе остане во колективната меморија каква штета нанесе тој човек на македонскиот идентитет и македонскиот народ. Проблемот што тој човек го направи не доведе до ситуација од шампиони во Европа, да не можеме да почнеме се уште преговори со Европската Унија. Тој преговараше за македонскиот идентитет и направи грешка и ако мисли дела тоа сме го заборавиле, се лаже“, рече Мицкоски.
Во пресрет на утрешната посета на високата претставничка за надворешна и безбедносна политика Каја Калас, Мицкоски рече дека има исклучително добри односи со неа и потсети дека министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски е првиот министер од регионот што го потпишал договорот за надворешна и безбедносна политика со Унијата.