Мицкоски го побара договорот на Заев и Ципрас, но вели дека не отстапуваат од нивните позиции

by fokus

Тежок ден за Република Македонија. Зоран Заев се обиде поразот да го покажува како победа. Она што е стекнато како право, правото на јазик и идентитет се покажува како извојувана победа во преговорите со нашиот јужен сосед, тоа е загарантирано многу порано, јасно кажано и напишано во ОН, вака опозицискиот лидер Христијан Мицкоски го прокоментира решението за името.

-Заев се обидува да покаже вештачка среќа, се гледа од далеку дека ова е пораз, тоа се чувствува кај граѓаните, потиштеност и пораз. Целосниот процес се водеше во тајност, опозициската ВМРО-ДПМНЕ не беше вклучена во преговорите. Единствено што се случи денеска е телефонскиот разговор со Заев веднаш по неговиот разговор со неговиот колега Ципрас. Прифатени се сите грчки позиции и не може да се прифати договорот. Ако за Заев е прифатливо промена на Уставот, тогаш тоа е договор на Заев за капитулација, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ обвини дека премиерот Зоран Заев е неспособен и водел неспособна дипломатија, а покажал и нестабилност и континуирана променливост на ставовите.

Тој гордо кажуваше дека друго решение освен Илинденска Македонија за него нема, но излажа. Ова е премногу сериозно прашање и затоа бараме таканаречениот договор кој Заев има намера да го потпише со Ципрас веднаш да ни го достави. Непроменети се ставовите, ВМРО-ДПМНЕ нема да отстапи од своите принципи и верувања, нема да поддржиме промена на Устав а со цел промена на уставно име. Ако Заев се обиде шверцерски капитулацијата да ја протне низ собраниска процедура. Референдумот мора да биде задолжителен, а не консултативен. Јас ќе опстојам на принципите. Оној кој отстапува од принципите покажува дека воопшто немал принципи и треба да ја каже цената за таквите компромиси, таа цена со Заев е преголема и прескапа за Република Македонија. Ние сме за членство во ЕУ и НАТО, ќе настојуваме и придонесуваме за тоа, но истото мора да биде по сработеното, а не по предавствата и капитуалциите. Со ваквите договори Македонија губи и не смее да продолжи да губи. Верувам во граѓаните и нивниот капацитет, ќе продолжам силно да верувам и работам за Република Македонија, вели Мицкоски.

 

 

Поврзани новости