Мицкоски гневен: Вака ли избегнавме италијанско сценарио како што се фалат Заев и Филипче?

by Fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски упати силни критики кон премиерот Заев и министерот за здравство, Филипче, откако денеска беше обелоденето дека Македонија е на трето место во светот по број на починати жители од ковид на 100 илјади заразени.

„Вака ли избегнавме италијанско сценарио како што се фалат Заев и Филипче? Македонија се најде на врвот по смртност од КОВИД-19 на 100.000 жители во период од седум дена. Речиси двојно полоши од Бразил која е топ тема во светските медиуми за смртните случаи и четири пати полоши од Србија и Европската Унија.

Тоа го потврди и реномираниот „Financial Times“ чија анализа за стапката на смртност во последниве седум дена, Македонија има 2 смртни случаи на 100.000 жители, додека Србија има 0.55, а земјите од Европската Унија 0,5.

Вашата неспособност чини животи, едноставно колку побрзо си одите, толку повеќе животи ќе се спасат“, вели Мицкоски.

 

Поврзани новости