Мицкоски гледал војна само на телевизија, вели Ахмети

by Fokus

Јас не се занимавам со Христијан Мицкоски кој ми зборува за војна, тој не бил во војна, тоа го гледал само на телевизија, па јас сум молчел затоа што тишината е лек, истакна лидерот на ДУИ, Али Ахмети од Тетово откако претходно лидерот на ВМРО-ДПМНЕ од него побара да каже колку стотици милиони евра добила неговата фамилија на сметка на жртвите од војната во 2001.

„20 години градевме стратегии за да работиме и да ги реализираме нашите цели и сме ценети од нашите гласачи. Само со повеќе работа можеме да бидеме силни, не само 20 години туку и повеќе. Поминаа 20 години, затоа што ги планиравме работите во секоја фаза, како ќе одат. Постапувавме во тешки времиња, во многу деликатни околности, иако на доброто му нема крај, има уште многу работа“, рече Ахмети.

Поврзани новости