Мицкоски: Фали Мијалков во соопштенијата на СДСМ

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Твитер го искоментира соопштението на СДСМ во кое владејчката партија ја префрла кон него и кон ВМРО-ДПМНЕ одговорноста за прислушувањето на фиксните телефони во правосудните институции.

„Колку очигледно фали Мијалков во соопштенијата на СДСМ за прислушкувањето на ЈО. А каде се Грујоски и Бошковски, колку очигледно фали тука крикот на Димитров за нивна екстрадиција од Грција. Ах, Устав ли е, принцип ли е, Вице ли е?“, напиша Мицкоски.

Поврзани новости