Мицкоски емитуваше стара изјава во која Заев вели дека по никоја цена нема да прифати промена на уставното име

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната прес конференција емитуваше стара изјава во која премиерот Зоран Заев уверува дека никогаш не би прифатил промена на уставното име.

„Додека го дишам овој македонски воздух, додека ме држи памет, дека мојот дедо, татко претци, син, ќерка,  дека сме Македонци, родени во Македонија, тоа не може да се случи. Не верувам дека постои роден човек кој ќе излезе пред парламентот да побара промена на уставот со цел да побара промена уставното име“, вели Заев во изјавата која беше прикажана пред денешната прес конференција на Мицкоски

-Нека суди македонската јавност со каков човек си имаме работа. Зоран Заев на македонската јавност и донесе договор за капитулација. Ова покажува дека секој збор на Заев не вреди, секој став и негова изјава не вреди. Цената на неговото капитулантско дело ќе ја плаќаат граѓаните на Република Македонија со нивното достоинство и чест. Ова е пораз на македонската дипломатија и не може да се прикаже како победа, ова е изневерување на очекувањата на граѓаните – рече Мицкоски.

Тој побара од Димитров, кој рече дека е учесник во оваа капитулација, да поднесе неотповиклива оставка.

„Заев покажува дека е подготвен на се останато. Македонија губи дел од својот идентитет, она што не дефинира како народ, држава, граѓани, го менува нашиот идентитет. Тоа јас и ВМРО-ДПМНЕ не можеме д го прифатиме и поддржиме. ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи промена на уставот, со цел промена на уставното име – повтори лидерот на партијат.

Тој додаде дека работата е пресериозна и дека побарал средба со претседателот и со премиерот, на која ќе побара да му биде доставен договорот.

Поврзани новости