Мицкоски: Едноставно ВМРО-ДПМНЕ победува на 12 април

by Fokus 19:19
19:19

Ќе успееме кога Македонија ќе ја направиме навистина пристојно место за живеење, место каде што сите оние наши соседи, наши роднини колеги, пријатели, познаници, изминативе месеци, изминативе години ги напуштија родните огништа, ја напуштија нашата држава и денеска практично се наоѓаат некаде во западна Европа, се наоѓаат некаде во Австралија, Нов Зеланд, Канада, САД во потрага по подобар живот, изјави денес во Драчево, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– Почитувани драчевчани со силна економија, Македонија економски тигар на Балканот, технолошки гигант и џин на Балканот, Македонија со реформирано образование, Македонија со реформирано и силно здравство со мотивирани доктори и медицински персонал, Македонија каде што правосудството ќе обвинува и ќе суди по закон каде што ќе бидат ослободени од политички стеги и притисоци. Македонија каде што луѓето ќе се чувствуваат како Македонци без да се срамат да кажат дека се Македонци и гордо со крената глава достоинствено ќе се исправат и ќе кажат, да ние сме Македонци од Македонија кои говорат македонски јазик.

Сите оние кои што ви велат дека е тоа невозможно, сите кои ви велат дека не можеме да успееме и како народ и како држава, сите тие се жртви на лошата и погрешна пропаганда на Зоран Заев и СДСМ. Јас стојам пред вас и ви велам и ви ветувам, заедно за неколку месеци од сега од овој ден, народот и најголемата коалиција која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ ќе го порази Зоран Заев и СДСМ и ќе го прати во политичка пензија, а потоа сите оние кои се огрешиле пред законите, сите оние кои се осрамотиле пред вас граѓаните, пред нас граѓаните, ќе одговараат од прв до последен“, истакна Мицкоски.

Според него за разлика од СДСМ кои се колнеле во Белград и Москва од ВМРО-ДПМНЕ, секогаш биле за Европската Унија.

-За сиот арамилук и за целата корупција која што денес е опсипана со канџите на октоподот, а главата на октоподот шета низ Македонија и денеска е во Прилеп и сее празна слама и ветува нешто кое повторно ќе го рецитира исто како што го рецитираше пред три, четири, пет години за пуста власт, за пусти пари и за пуста фотелја. 12-ти април лето Господово 2020 година се обединува народот во Македонија со ВМРО-ДПМНЕ и најголемата коалиција. Доаѓа обновата на Македонија, изјави Мицкоски

Да си го чуваме и градиме, и зголемуваме ВМРО-ДПМНЕ. Затоа што ВМРО-ДПМНЕ е генот. ВМРО-ДПМНЕ е срцето и душата на Македонецот. Без оние метафизички, помалку комични објаснувања за срцето, душата и петата на Зоран Заев. Едноставно ВМРО-ДПМНЕ победува на 12 април 2020-тата година“, изјави Мицкоски.

Поврзани новости