Мицкоски: Едно од нашите ветувања ќе биде економскиот криминал да не застарува

by fokus

Во емисијата на Клан ТВ гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој посочи дека бара економскиот криминал да не застари и ќе бара да се има увид во потеклото на имотот на политичарите.

-Едно од нашите ветувања доколку бидеме поддржани од останатите политички субјекти е економскиот криминал никогаш да не старее без разлика на тоа кој го направил, истакна Мицкоски.

Додаде дека секој кој што погрешил треба да сноси одговорност.

-Не може секогаш да бараме компромиси и секогаш секој некому што е нешто близок ајде да му помогнеме. Мора еднаш засекогаш да се побара отчетност за грешките, и да се сноси одговорност вистински, тоа е што ќе го понудиме кај граѓаните, појасни Мицкоски.

Поврзани новости