Мицкоски е подготвен да се извини за неправдите кои ги нанела власта на ВМРО-ДПМНЕ

by fokus 10:52
10:52

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека е подготвен да се извини во име на партијата, на секого кому претходната власт му згрешила или му нанела неправда. Во интервју за утринската емисија „Ја сакам Македонија“ на ТВ Сител, Мицкоски додаде дека сепак претходната влада направила многу дела за државата.

–Во тој период од тие 11 години нормално е човек што работи да прави и грешки, и тука не треба да има дилема. Не можете вие 100% да бидете успешен во тоа  што го работите. Се разбира и во моите посети низ општинските комитети, јас тоа го правам и барам прошка за она за кое што ВМРО-ДПМНЕ, јас лично како човек ненамерно сум се огрешил и тоа не треба да нешто кое што е чудно, ниту пак лошо за еден политичар. Немам проблем да се извинам. Но не треба да се потенцира дека за време на тоа 11 годишно владеење 180.000 луѓе се вработија – додаде тој.

Поврзани новости