Мицкоски: ДУИ направи трајна штета врз односите меѓу Македонците и Албанците

by Фокус

Оваа генерација на ДУИ прави трајна штета во односите меѓу Македонците и Албанците, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Наместо да застанат зад сограѓаните Македонци, тие одбраа асимилација на Бугарија врз Македонците – рече Мицкоски на Сител.

Тој додаде дека ова ќе остане во колективната меморија на Македонците и притоа истакна дека не се знае кога на Албанците ќе им затреба поддршка од Македонците.

-Убеден сум дека албанските опозициски партии и останатите немнозински заедници ќе имаат Бадентерово мнозинство и ќе бидат дел од идната влада што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ – порача тој.

Поврзани новости