Мицкоски: Дојдов до заклучок дека рамниот данок беше одлично решение

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на телевизија Алфа рече дека кога неговата партија ќе дојде на власт, првата одлука ќе биде враќање на рамниот данок.

-По претседателските избори размислував и се консултирав со бизнис-заедницата, бизнисмени, претприемачи. Дојдов до заклучок дека рамниот данок беше одлично решение. И ние кажавме дека веднаш по формирањето на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ една од првите одлуки ќе биде враќање на рамниот данок, рече Мицкоски.

Поврзани новости