Мицкоски: Доаѓа времето кога секој ќе одговара за сторен криминал

by Frosina Fakova

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се обрати на собирот во Сопиште од каде што порача дека граѓаните мора да знаат што се направи СДСМ во изминатите три години.

Мицкоски потенцираше дека ова се најважните избори, но не само поради тоа што пред нас е исправен најголемиот предизвик во врска со Ковид-19 вирусот, туку предизвикот за тоа во каква држава сакаме да живееме.

– Изборот на овие избори е историски. Одлуката е дали сакаме Македонија која ќе биде понижена и посрамена или Македонија со исправена кичма и гордо крената глава. ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да ја одбрани државата од сето зло кое сега СДСМ го нанесе на македонскиот народ, но и да ја одбрани честа на сите наши предци. ВМРО-ДПМНЕ преброди многу критики, но тие критики не направија помудри и посилни. На 15-ти јули уште во 7 часот наутро ќе се наговести најголемата победа во историјата на Република Македонија. На 15-ти јули Сопиште ќе ја поддржи Гордана Силјаноска Давкова. Оваа апокалипса што и се случува на Република Македонија мора да престане. Обврска на ВМРО-ДПМНЕ е да ја сопре оваа појава и да ја донесе обновата, рече Мицкоски.

Потенцира дека никогаш повеќе не смее да се дозволи државата да ја водат неразбрани политичари кои би се дрзнале на распродажба да стават национални интереси, само за сопствени придобивки.

Поврзани новости