Мицкоски до Заев: Се срамиш со твојот нов пријател да слушнеш дека денес над Македонија се раѓа

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од вечерашниот митинг на партијата во Струга го обвини премиерот Зоран Заев дека се срамел да ја слушне македонската химна при денешната посета на Алексис Ципрас.

-Денес за прв пат од самостојноста на Македонија дојде висока делегација, премиер на држава и никаде ја немаше построено македонската гарда и никаде не слушнавме интонирање на македонската химна. Кое е образложението? Брутално, плитко, бледо, неодговорно. Преку центарот за манипулација и стотици скапо платени спинери, ќе расемени вест и ќе каже дека авионот доцнеше, немаше време за химната. Замислете, еден од трите атрибути кои ја прават Македонија независна, немало време за химната. Тоа е изговорот. Не е Заев тоа изговорот, вистината е друга, а тоа е она што ти го потпиша. Ти си единствениот човек кој зема плата од овој народ и се срами од тој народ, се срами од трите симболи кои го одбележуваат народот и државата. Се срамиш со твојот нов пријател да слушнеш дека денес над Македонија се раѓа. А бараш поддршка за твојот деспотски избран кандидат. Каква поддршка очекуваш кога бесрамно го лажеш дека немало време за химната, а вистината е што не сакаш да ја слушнеш. Кажи ја вистината принцу на политичките лаги, лажови, рече Мицкоски.

Поврзани новости