Мицкоски до Заев: Ако ве осудеа, тогаш граѓаните ќе веруваа во судството

by fokus

Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски во ТВ дуелот му порача на премиерот Зоран Заев дека доколку тој беше осуден за случајот Поткуп, тогаш граѓаните ќе имале доверба во судството.

-Ние сме во нерамноправна ситуација во премиерот Заев. Тој три пати до сега е помилуван. Еве последниот случај каде што не прават слепи и глупи при се што видовме и слушнавме. Сега имаме позависно и понерамноправно судство од кога и да е. Имаме премиер кои ги погодува пресудите, знае кој ќе биде осуден, а кој ослободен. Нашиот став за СЈО не е променет. Ако ве осудеа, граѓаните ќе беа посигурни, за да граѓаните веруваат во судството. Вака нема да веруваат. ВМРО-ДПМНЕ кога ќе дојде на власт прво што ќе направи е независно судство. Ако вие дозволевте да бидете осуден, тогаш ќе можевме да веруваме во судството, рече Заев.

Поврзани новости