Мицкоски: До мене стигна информација дека Катица била готова

by fokus

Во текот на вчерашниот ден до мене стигна информација дека готова била Катица и дека прашање на денови е кога ќе завршела во притвор…, ајде мајката…, пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во новиот фејсбук коментар за случајот „Рекет“.

„Сето ова делува прозаично без нималку навигација за полесно де лоцирање на одговорноста како на пример дали оние двајцата осомничени или нивниот нов цимер (прашање на денови) можеа ова да го прават без огромна поддршка од Кики, Фрики, Шеки и Зоки Поки, дали беше толку тешко да се стигне до телефонот на новиот потстанар во Шутка па беа потребни денови, случајот е пријавен во февруари/март со доказите, а се чекаше јули/август да се лоцира каква таква одговорност. Колку од рекетот заврши во телевизијата“, вели Мицкоски.

Тој посочува дека е потребна одговорност за секој кој учествувал, директно или индиректно во случајот Рекет кој е дел, како што вика, „од поширок криминален октопод кој управува со државата.“

„Но јасно е дека со оваа власт зафатена од овој криминален октопод правда не може да се очекува. Денес кога со аферата Рекет гледаме како гавазите на власта харале низ државата и тргувале со правдата, црпејќи ја моќта од Заев тие (СДСМ) ни велат Рекет бил наместен случај од опозицијата за рушење на правната држава, што е чисто фијаско од одбрана, приказна за мали деца во која ни тие не веруваат“, додава тој.

Поврзани новости